Thursday, February 5, 2009

Лого

ПИР има свое лого во облик на правоаголник кое го симболизира вековниот стремеж на Ромите за интегрирање во општеството. Логото е сочинето од три стрелки распоредени една над друга во средишниот дел. Секоја од стрелките е во различна боја, распоредени од лево на десно една над друга со врвот насочени нагоре. Почнувајќи од лево на десно стрелките се со сина боја, зелена и црвена боја. Од почетокот на првата стрелка од левата страна до крајот на третата стрелка кон десно рамномерно во полукруг се распространети пет ѕвезди во бела боја. Во долниот дел од левата страна (во кирилично писмо) и десната страна (во латинично писмо) е испишана кратенката на политичката партија-ПИР. Под двете кратенки во средишниот дел на логото е испишано целото име на политичката партија, прво во кирилица, а под него во латиница – „Партија за интеграција на Ромите”.