Thursday, April 18, 2013

Благодарница за Претседателот Ѓорѓе Иванов

Благодарницата која му беше врачена на Претседателот на Република Македонија Д-р Ѓорѓе Иванов за придонес и залагање во процесот на Интеграција на Ромите во Македонија од страна на претседателот на Партијата за интеграција на Ромите-ПИР Д-р Бајрам Берат. 

Tuesday, April 16, 2013

Средба со Претседателот на Р.М. по повод 8-ми април Светски ден на Ромите

По повод Светскиот ден на Ромите 8-ми април, лидерите на ромските политички партии во Република Македонија беа поканети на средба со Претседателот Д-р Ѓорѓе Иванов. На приемот  Д-р Бајрам Берат му подари на Претседателот Иванов во име на Партијата за интеграција на Ромите-ПИР благодарница за придонесот и залагањето во процесот на интеграција на Ромите во Македонија. 

Tuesday, January 31, 2012

Магистрираше генералниот секретар на ПИР

На 16.01.2012 година на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, магистрираше Давид Берат, генералниот секретар на Партијата за интеграција на Ромите-ПИР.
Берат магистрираше на темата: ’’Позитивни придобивки од имплементација на Стратегијата за Ромите 2005-2015: Република Македонија’’ и се стекна со научно звање м-р по Дипломатија.
Членството на Партијата за интеграција на Ромите-ПИР му го честита успехот и му посакува објавување на многу научни трудови, статии и рецензии.