Thursday, February 5, 2009

Знаме

Знамето на ПИР е во облик на правоаголник со димензии 3:1 (должина и широчина), со следниот изглед: основни бои на знамето се: зелена, сина, црвена и бела, кои се во однос 3:4:1:2. Во него од горниот кон долниот дел се простира сина боја која во однос на зелената боја што се наоѓа на долниот дел зафаќа значително поголем простор. Помеѓу двете бои (сината и зелената) се протегаат три патеки на движење на ѕвездите од кои двете странични се со бела боја и средишната е во црвена боја кои од левата страна се потесни па движејќи се на десно ја прошируваат својата траекторија. Во горниот десен агол се наѓаат пет полукружно распоредени ѕвезди во бела боја. Во долниот десен агол е испишана кратенката од името на Политичката партија – ПИР.