Tuesday, January 31, 2012

Магистрираше генералниот секретар на ПИР

На 16.01.2012 година на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, магистрираше Давид Берат, генералниот секретар на Партијата за интеграција на Ромите-ПИР.
Берат магистрираше на темата: ’’Позитивни придобивки од имплементација на Стратегијата за Ромите 2005-2015: Република Македонија’’ и се стекна со научно звање м-р по Дипломатија.
Членството на Партијата за интеграција на Ромите-ПИР му го честита успехот и му посакува објавување на многу научни трудови, статии и рецензии.