Дипломатија на Ромите претставува збирка на трудови инспирирани од Дипломатскиот Ромски Проект 2005-2006 година, со цел да се олесни создавањето на јавни дипломати Роми кои ќе ја намалат празнината помеѓу ромското граѓанско општество и владите/институциите на Европската Унија.
Трудовите во ова издание покриваат голем број на области од објаснување на терминот Дипломатија на Ромите и разни истражувања насочени кон промовирање на состојбата на Ромите во различни региони и земји.
Многу од овие трудови нудат препораки за креирање на политики кои обезбедуваат силна појдовна точка за подобрување на состојбата на Ромите.