Showing posts with label 4.Симболи. Show all posts
Showing posts with label 4.Симболи. Show all posts

Thursday, February 5, 2009

Амблем

ПИР има свој амблем. Амблемот е во вид на штит со сина боја. Внатре во штитот се наоѓаат три стрелки распоредени една над друга во средишниот дел. Секоја од стрелките е во различна боја, распоредени од лево на десно една над друга со врвот насочени нагоре. Почнувајќи од лево на десно стрелките се со сина боја, зелена и црвена боја. Од почетокот на првата стрелка од левата страна до крајот на третата стрелка кон десно рамномерно во полукруг се распространети пет ѕвезди во бела боја. Во долниот дел од левата страна (во кирилично писмо) и десната страна (во латинично писмо) е испишана кратенката на политичката партија-ПИР. Под двете кратенки во средишниот дел на логото е испишано целото име на политичката партија, прво во кирилица, а под него во латиница – „Партија за интеграција на Ромите”.

Знаме

Знамето на ПИР е во облик на правоаголник со димензии 3:1 (должина и широчина), со следниот изглед: основни бои на знамето се: зелена, сина, црвена и бела, кои се во однос 3:4:1:2. Во него од горниот кон долниот дел се простира сина боја која во однос на зелената боја што се наоѓа на долниот дел зафаќа значително поголем простор. Помеѓу двете бои (сината и зелената) се протегаат три патеки на движење на ѕвездите од кои двете странични се со бела боја и средишната е во црвена боја кои од левата страна се потесни па движејќи се на десно ја прошируваат својата траекторија. Во горниот десен агол се наѓаат пет полукружно распоредени ѕвезди во бела боја. Во долниот десен агол е испишана кратенката од името на Политичката партија – ПИР.


Лого

ПИР има свое лого во облик на правоаголник кое го симболизира вековниот стремеж на Ромите за интегрирање во општеството. Логото е сочинето од три стрелки распоредени една над друга во средишниот дел. Секоја од стрелките е во различна боја, распоредени од лево на десно една над друга со врвот насочени нагоре. Почнувајќи од лево на десно стрелките се со сина боја, зелена и црвена боја. Од почетокот на првата стрелка од левата страна до крајот на третата стрелка кон десно рамномерно во полукруг се распространети пет ѕвезди во бела боја. Во долниот дел од левата страна (во кирилично писмо) и десната страна (во латинично писмо) е испишана кратенката на политичката партија-ПИР. Под двете кратенки во средишниот дел на логото е испишано целото име на политичката партија, прво во кирилица, а под него во латиница – „Партија за интеграција на Ромите”.