Friday, March 18, 2011

ОПЕ бара неразумна оставка од претставникот на Ромите во ДПК

Скопје, 18 февруари - Обединетата партија за еманципација – ОПЕ бара претставникот на нивната малцинска заедница во Државната пописна комисија да даде оставка заради манипулацијата на Ромите за престојниот попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија.

Според ОПЕ, нелогична е методологија на Државната пописна комисија во врска со објавениот јавен оглас за попишувачи.„Во општина Шуто Оризари има оглас за 24 попишувачи Роми, а според пописот од 2002 година се евидентирани близу 23.000 жители Роми, а во општина Кривогаштани има оглас за 40 попишувачи Роми, каде според последниот попис од 2002 година има само осум жители Роми“, велат од ОПЕ. ОПЕ побара измена на сегашната методологија за избор на попишувачи, како и оставка од претставникот Ром во Државната пописна комисија, кој дозволил и се согласил со таквата нелогична методологија.

Сојузот на Ромите не се согласува со обвинувањата од Обединетата партија на Ромите, објаснувајќи дека тие ќе имаат соодветна етничка застапеност како попишувачи на наредниот попис на населението во Македонија.„Методологијата за избор на попишувачи се носи врз основа на закон, а министерот без ресор, кој е член на Владата, можел навреме да реагира. Тука е грешката, што тој не реагирал на владина седница“, тврди членот на Сојузот на Ромите и заменик министерот за правда, Ибрахим Ибрахими за „Журнал.мк“.

Според претседателот на Партијата за интеграција на Ромите, Д-р Бајрам Берат, не е можно министер без ресор во Владата на Груевски, кој не бил активен при носење на законот, сега да бара оставка од дипломиран правник, човек со огромно искуство и борец за човекови права.„Не е вкусно министерот да навредува и да не се запраша кој го донел тој закон и дека тогаш, тој седел, ништо не слушал и работел, а земал плата“, обвинува Берат.

Македонија се наоѓа на раскрсница кога одлучува за својата иднина и според Берат, лошо е во такви ситуации, „луѓето што седат во кожни министерски фотелји, не познавајќи ги законите, да критикуваат луѓе кои не гласале за законот“.

Државната пописна комисија ја утврдува методологијата на попис врз основа на законот. „Законот за попис е донесен меѓу коалиционите партнери каде што сите ромски политички партии се дел од владејaчката коалиција. Законот се дебатира на владина комисија, на седница на Влада, на собраниска комисија и во Собрание. Тогаш, ромските министри и парламентарци имале право да дебатираат, да се спротивстават или да го потврдат веќе донесеното законско решение“, вели посочениот член на ДПК од ромската етничка заедница.Тој тврди дека методологијата не е апсолутна штетна за ромската заедница поради тоа што учеството на ромските попишувачи, ромските реонски инструктори и на ромските членови на реонските пописни комисии, е многу повисоко, во бројки и проценти од застапеноста на ромската заедница во Македонија.„Методологијата не е штетна, туку дава повеќе можност за вклучување на ромската заедница во пописните структури“, тврди членот на ДПК.

Tuesday, March 15, 2011

Ливија Јарока: Ромите во Европа се невидлива сиромаштија, која Европските фондови не ја забележуваат

Со оглед на фактот дека дури 12 милиони Роми во Европа продолжуваат да се соочуваат со сегрегација и интергенерациска сиромаштија во ЕУ, Унијата е во потрага за паневропски решенија. Европската стратегија за Роми е приоритет за Унгарија како претседавач на ЕУ, напомена Ливија Јарока кaко единствената Ромка член на Европскиот парламент. Оваа 36-годишна унгарска европратеничка подготвува извештај за стратегијата која ќе им овозможи на Европа да го употреби на неискористен потенцијал на Ромите.

“Во Европа има и невидлива сиромаштија, но сепак сеуште не е виден од страна на европските фондови’’ напоменува европратеничката од Унгарија, Ливија Јарока.

Saturday, February 26, 2011

Чарли Чаплин бил Ром

Тајното писмо за местото на раѓање на Чарли Чаплин конечно ја здогледа светлоста на денот. Во овој значаен документ се наведува дека славниот комичар лажел за своето потекло и наводно тој е роден во ромски караван.

Податоците кои Чаплин ги навел во своите мемоари, дека е роден на 16-ти април 1889 година во Лондон не се вистините, бидејќи во пронајдениот документ пишува дека тој всушност е роден во караван во градот Сметвик, во близина на Бирминген во централна Англија.

Писмото било испратено од извесен Џек Хил од Тамворд кој во него открива дека за потеклото на славниот актер дознал од својата тетка.

-Караванот и припаѓаше на ромската кралица, која е моја тетка. Роден си во „Black Patch“ во Сметвик, во близина на Бирминген, напишал Хил.

Според тврдењата на Џек Хил, мајката на Чаплин Хана, со моминско име Хил, била помоток на „џуџесто“ семејство. Работела како пејачка и актерка под уметничко име Лили Харли, а го оставила својот сопруг Чарли, кога малиот Чарли имал три години.
Поради што познатиот комичар го криел своето потекло?

Sunday, February 13, 2011

Во Кочани започна проект за образование на возрасни Роми

Во Кочани денеска започна со реализација проектот „Образованието прозорец кон иднината“ наменет за образование на ромската популација во општината.

Договорот го потпишаа преставници на Општина Кочани, Ромскиот едукативен фонд преку невладината ромска организациоја „Светла иднина“. Проектот кој ќе трае до крајот на 2011 година финансиски го помогнаа Ромскиот едукативен фонд со 12 илјади евра, а со поддршка на општината Кочани, Целта е дооформување на образованието на возрасни од ромската националност во општина Кочани.

Според првичните податоци во проектот ќе бидат опфатени 82 лица, од кои 22 во средното образование, а останатите во основното образование.

Thursday, December 9, 2010

Дискусија за предвремени избори

На 7 декември се одржа состанок помеѓу премиерот Груевски и членовите на Коалицијата за подобра Македонија. На средбата беше разговарано за мислења на коалиционите партнери за предвремени избори во 2011 година. Д-р Бајрам Берат од партијата за интеграција на Ромите-ПИР се изјасни негативно за предвремени избори, особено за време на рецесија.

Monday, May 10, 2010

Изложба и конференција за расизам во Европа

Фондацијата Роза Луксембург организира изложба и конференција за јавноста за расизмот во Европа на 11 мај 2010 година во Брисел. Конференцијата има за цел да потенцира примери на расизам и да се даде перспектива за она што може да се направи за да се надминат овој стар вековен феномен. Настанот ќе биде отворен од страна на Романи Роуз, директор на Советот на германски Синти и Роми.

Tuesday, May 4, 2010

ПИР пријави расистичка група до Министерството за внатрешни работи

Почитувани членови, симпатизери и пријатели

Сакаме да Ве информираме дека Партијата за интеграција на Ромите ја пријави македонската фејсбук група "Ајде да се собереме 50 луѓе за да убиеме 100 Цигани" во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Процедурата за компјутерски престап и расистичка омраза започна вчера на 3 мај 2010 година. Сите членови на оваа група ќе бидат повикани на информативен разговор и ќе бидат испрашани.

Со почит, раководство на Партијата за интеграција на Ромите-ПИР.

Летна школа на Европскиот Ромски центар во Будимпешта

We wish to inform you that the European Roma Rights Centre is now accepting application for its Roma Rights Summer School (25 July - 4 August 2010, Budapest, Hungary).

The 10-day Summer School is intended for young Romani activists, students, and Roma/Human rights activists from all European countries. The Summer School will offer both an introduction to human rights as well as an excellent forum for the exchange of ideas, innovation and expertise for participants who are at an early stage of their careers.

Deadline for application is 23 May 2010.

The full announcement and eligibility criteria for participants can be found at http://www.errc.org/cikk.php?cikk=3572