Sunday, February 13, 2011

Во Кочани започна проект за образование на возрасни Роми

Во Кочани денеска започна со реализација проектот „Образованието прозорец кон иднината“ наменет за образование на ромската популација во општината.

Договорот го потпишаа преставници на Општина Кочани, Ромскиот едукативен фонд преку невладината ромска организациоја „Светла иднина“. Проектот кој ќе трае до крајот на 2011 година финансиски го помогнаа Ромскиот едукативен фонд со 12 илјади евра, а со поддршка на општината Кочани, Целта е дооформување на образованието на возрасни од ромската националност во општина Кочани.

Според првичните податоци во проектот ќе бидат опфатени 82 лица, од кои 22 во средното образование, а останатите во основното образование.